Трета година по ред, „Тојота“, води на листата на најпродавани моторни возила во светот. Во овој период се продадени 7 милиони и 615 илјади возила од овој тип, велат извештаите за продажба во периодот јануари- септември.
„Фолксваген“ во овој период продал 7 милиони и 400 илјади, додека „Џенерал моторс“ е на трето место на листата со 28.000 помалку продадени возила.
„Тојота“ најавува дека годинава ќе продаде 10,2 милиони возила, што ќе биде рекорд на сите времиња во автомобилската индустрија.
Најпродаваниот автомобил „Тојота“ држи уште еден, но неславен рекорд. Поради грешка во сигурносните појаси, произведени во Јапонија, на американскиот и европскиот пазар беа повлечени над милион и пол возила.