ЦИВИЛ – Центар за слобода беше мета на провала и кражба во текот на продолжениот празничен викенд.
Причинета е поголема материјална штета.
Украдени се компјутери, монитори, хард дискови, камера, телефони и друго.
Без оглед на мотивите, ЦИВИЛ ја информираше јавноста дека ќе продолжи со вообичаената динамика на работата.
Од невладината организација се надеваат дека полицијата ќе спроведе брза и успешна истрага и дека ќе ги пронајде сторителите.