Судијата за извршување на санкции го одби барањето на екс премиерот Никола Груевски да му го одложи извршувањето на затворската казна од две години.
Сега Груевски има право да поднесе жалба до Кривичниот совет, коj ќе има рок од три дена да одлучат.
Доколку и тие ја отфрлат неговата жалба, Груевски на 8 ноември ќе мора да влезе во истражниот затвор „Скопје“ каде што треба да ја одлежи казната.
Груевски на правосилна затворска казна од две години беше осуден во предметот на СЈО, „Тенк“, односно за набавката на мерцедесот од 580.000 евра.