Од 15 декември ќе бидат пуштени во оптек книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари, а ќе бидат повлечени банкнотите од 5.000 денари.
Народната банка на Република Македонија соопшти дека одлуката за издавање на новите пари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.
Воведувањето, сметаат од НБРМ, ќе овозможи зголемување на понудата на апоените што се на располагање при вршење готовински трансакции.
Од Народната банка посочуваат дека пет илјадарките не биле прифатени од пошироката јавност заради нивната висока номинална вредност и дека им била ограничена застапеноста во трговијата.