Обединета Младина за Македонија јавно ги поддржува децата со посебни потреби кои како категорија на граѓани во Македонија, велат од партијата, се потполно запоставени и не им се овозможени апсолутно никакви услови со кои барем за момент би се почувствувале како дел од ова општество.
„Тие деца имаат во целост права како и сите останати во оваа држава, тие не се никакво чудо или нешто необично , тие се луѓе од крв и месо и заслужуваат услови какво што им приличат . Односно треба да уживаат услови кои ги има во секоја нормална држава каде граѓаните претставуваат една целина и каде не се врши поделба и дискриминација на истите“, се наведува во партиското соопштение.
Мисијата е едноставна и треба да им служи на сите деца со посебни потреби и нивните семејства преку обезбедување на поддршка, помош, пристап до информации, обезбедување и остварување на нивните права и овластувања во сите сегменти на животот. Процесот мора системски и интегрирано да се решава со заедничка соработка со Министерствата за труд и социјална политика за образование, општините, училиштата и родителите, што ќе овозможи квалитетен живот од најрана возраст се до вработувањето кога се вклучува бизнис–заедницата.
„Се надеваме на брзо превземање на мерки и реализација на истите со цел да им се помогне на овие лица кои се подеднакви жители на ова поднебје како и сите останати“, заклучуваат младите од „Обединети за Македонија“.