Инцидентот е најбруталниот директен напад врз невини цивили годинава, рече Калон.
Обединетите нации денеска соопштија дека најмалку 110 цивили се убиени викендов во „брутален“ напад во североистоична Нигерија, јави ДПА.
-Вооружени мажи со мотоцикли убиле мажи и жени во Кошобе и околните области, во државата Борно, додека работеле на жетва, изјави Едвард Калон, координатор за хуманитарни работи на ОН во Нигерија.
Засега непознат број други цивили се ранети во нападот и има извештаи за голем број киднапирања, додаде Калон, пренесен од германската агенција.
-Инцидентот е најбруталниот директен напад врз невини цивили годинава, рече Калон.