Најмалку 390 деца починаа оваа година поради нехуманите услови во сирискиот бегалски камп Ал хол, каде што се сместени 11.000 членови на семејствата на странски борци во Исламската држава, се наведува во најновиот извештај на истражителите на Обединетите нации за човекови права.
Во извештајот на ОН се децата што починале од неисхранетост и несанирани повреди, додека вкупното население во кампот со околу 70.000 луѓе исто така страдало од поплави, заразни болести и недостиг на храна.
Истражителите на ОН ги предупредија дека попречувањето на репатријацијата на жени поврзани со ИД и нивните 3.500 деца од Ал хол ќе создадат дополнителни проблеми.
– Жените и децата остануваат изложени на поголем ризик од понатамошна радикализација, особено со оглед на отсуство на возрасни и родово сензитивни програми за рехабилитација во кампот, се посочува во извештајот.
Претседателот на Комисијата, Пауло Пињеро, исто така, ги критикуваше владите кои се обидуваат да ги вратат така наречените деца на ИД од Сирија, но ги оставаат нивните мајки.
– Политиката на земјите насочена кон враќање на децата без нивните мајки е во спротивност на принципот во интерес на детето, посочи Пињеро.