Сообраќајот на сите патишта во државата се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на повисоките места коловозите на одделни места се влажни.
Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково заради што се препорачува внимателно возење.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.