Додека „Опел“ напорно работи на тоа да стане високо ефикасна автомобилска компанија во рамки на ПСА групацијата, како што најави и извршниот директор Михаел Лохшелер, во текот на претставувањето на стратешкиот план минатиот ноември, исто така се фокусира и на јакнење и развој.
Пред крајот на годината, концептното возило кое моментно се креира во дизајнерското студио ќе покаже во кој правец се движи „Опел“.
„Планот ни е компас за одржлива и успешна иднина за „Опел“. Покрај зголемувањето на профитабилноста и ефикасноста тој вклучува и јакнење на брендот „Опел“. Затоа, на своите тимови им дадов задача да го изострат профилот на „Опел“ и да креираат концепт-автомобил кој ќе го симболизира правецот во кој се движиме“, рече Михаел Лохшелер.
Германски, пристапен, возбудлив – ова се трите вредности кои се вткаени во ДНК на секој модел на „Опел“ и иницијативи и, според најавите, така ќе биде и во иднина.
Последните месеци, дизајнерските, маркетингшките и инженериските тимови на „Опел“ пронаоѓаа одговори на прашањето како овие вредности можат уште подобро да бидат вметнати во дизајнот, технологијата и суштината на новите автомобили и пристапот кој компанијата го има кон своите клиенти.
Тимот околу претседателот за дизајн Марк Адамс, ја ревидираше филозофијата на дизајнот на „Опел“ и има намера да примени значајни добри работи при креирањето на идните бестселери од Риселсхајм.