Локалната самоуправа во Кавадарци претставувана од гадоначалникот Митко Јанчев денеска информираше дека по направените согледувања и факти за настанат инцидент (физичко насилство) во основно училиште, преземени се сите законски дејства во врска со физичко насилство од страна на еден вработен врз друг.
– Доставено е укажување за постапување од градоначалникот до директорот и направени се постапки од страна на овластената просветна инспекторка, согласно нејзините законски овластувања, стои во известувањето од Општината.
Оттаму се нагласува дека за понатамошните постапки од страна на училиштето и општината, јавноста ќе биде благовремено известена.
Полицијата вчера информираше дека претходниот ден, 54-годишна вработена во училиште, пријавила дека во нејзината канцеларија била физички нападната од 53-годишничка, исто така вработена во училиштето. Од полицијата посочија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.