Голем општонароден собир „ Ден на крстот“ ќе се одржи денеска во скопското село Кучково.
Манифестацијата ке започне со литургија на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Од општина Ѓорче Петов велат дека ќе се одржи богата спортска и културна програма.
Ќе настапат Влатко Лозановски, Магдалена Цветковска- Ена и групата Академци.
За посетителите општината обезбедила и бесплатен оброк – војничко гравче