На „Вол Стрит“ вчера остро паднаа цените на акциите на технолошките компании затоа што продолжува ротацијата на капиталот во дефанзивните сектори заради загриженоста на акционерите во врска со каматните стапки и несигурноста непосредно пред извештајот за вработеноста во Соединетите Американски Држави.
„Дау Џонс“ зајакна за 19 поени или 0,06 отсто, на 34.133 поени, додека „СиП 500“ падна за 0,67 отсто, на 4.164 поени, а „Насдак индексот“ за 1,88 отсто, на 13.633 поени.
Падот на „СиП 500“ и „Насдак“ најповеќе е последица на притисокот на технолошкиот сектор, кој лани пред „затворањето“ на економијата заради ширењето на корона вирусот предничеше по растот на цените.
Но, последните недели „пандемиските победници“ не се толку привлечни. Вчера акциите на „Мајкрософт“, „Алфабет“, „Фејсбук“, Амазон“ и „Ејпл“ паднаа меѓу 1 и 3,5 отсто.
Од друга страна, пораснаа цените на акциите во цикличните сектори, како што се финансискиот и рударскиот, кои би требало да имаат најмногу корист од целосното отварање на економијата и забрзувањето на заздравувањето од корона кризата.
„Кога ќе дојде до корекција на пазарот, вложувачите излегуваат од технолошкиот и другите сектори со „раст“ и се свртуваат кон дефанзивните сектори“, вели Ренди Фредерик, потпретседател во формата „Чарлс Шваб“.
Технолошкиот сектор е под притисок, иако компаниите, како што се „Ејпл“, „Амазон“, „Алфабет“, „Фејсбук“ и „Мајрософт“, остварија подобриделовни резултати од очекуваните во првото тромесечие.
Досега повеќе од половината компании од составот на „СиП 500“ индексот ги објавија деловните резултати, при што околу 87 проценти од нив забележале поголема добивка отколку што се очекувало.
Затоа сега аналитичарите во анкетата на Ројтерс проценуваат дека заработките на компаниите од составот на „СиП 500“ во изминатото тромесечје пораснаа за 47,7 отсто во однос на истиот период од минатата година, додека пред две недели очекуваа раст од околу 25 отсто.
Ако остане вака до крајот на сезоната за објава на резултатите, тоа ќе биде најголем скок на заработувачката од последното тромесечје во 2010 година.
И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонскиот „ФТСЕ“ индекс ослабе за 0,67 отсто, на 6.923 поени, додека франкфуртскиот „Дакс“ се лизна за 2,49 отсто, на 14.856 поени, а парискиот „ЦАЦ“ за 0,89 отсто, на 6.251 поени.