Нова мутација на корона вирус, која содржи карактеристики на таканаречените британски и индиски вид, откриена е во Виетнам.
„После генетското секвенцирање на примероци земени од нив пациенти, откривме нова варијанта која е мешавина од индискиот и британскиот вид на вирусот“, рече виетнамскиот министер за здравство, Нгуен Тан Лонг, пренесува РТ.
Тој прецизираше дека се работи за индиски вид со мутации кои оригинално и припаѓаат на британската варијанта, додавајќи дека виетнамската влада наскоро ќе ја обелодени новата варијанта од вирусот корона на глобалната мапа на геноми.
Виетнам во саботата забележа 87 нови случаи на корона вирус, а во таа земја до сега се регистрирани 5.164 случаи кои биле локално пренесени и 1.492 случаи „увезени“ од странство.
До сега од ковид-19 во оваа земја починаа 47 лица.
Виетнам планира да вакцинира 70 отсто од населението постаро од 18 години во текот на оваа година, со вкупно 100 милиони дози вакцини.
(Фото: АП)