Членките на Европската унија договорија ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, во склад со предлогот на Г7.
Ограничувањето на цената, договорено на ниво на премиери на членки на Унијата во Брисел во петокот, поврзано е со претходата одлука на Г7 за сакционирање на рускиот извоз на нафта.
„До договор дојде откако Полска се согласи со договорот со Европската унија за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, што и овозможува на Унијата да продолжи понатаму со формално одобрување на договорот во текот на викендов“, рече во петокот полскиот амбасадор во ЕУ, Анджеј Садос.
Садос вели дека договорот ќе биде официјално објавен денес, ден пред стапувањето на сила на ембаргото за нафта на ЕУ.
Ограничувањето на цените, идеја на Г7, има за цел да ги намали руските приходи од продажба на нафта, истовремено спречувајќи скок на глобалните цени на „црното злато“, откако ембаргото на ЕУ за руската сурова нафта стапи на сила на 5 декември. Механизмот предвидува максимумот да е 60 долари за барел нафта што се продава на трети земји, заедно со ембарго на ЕУ.
„Можеме официјално да ја потврдиме таа одлука“, истакна Садос.
„Унијата останува обединета и солидарна со Украина“, објави чешкото претседателство на Твитер.
Она што и е на располагање на Европската унија, во склад со тоа ограничување е да се забрани пружање на одредени услуги за руските испораки на нафта, вклучувајќи осигурување, финансирање и техничка помош, ако нафтата е продена над цената од 60 долари.
Ограничувањето на извозот на руска нафта има за цел да ги ограничи приходите на Русија од зголемените цени на енергијата, а со тоа и можноста да ја финансира војната против Украина.
Руското производство на нафта поради оваа одлука на почетокот на следната година би можело да се намали за 500 до 1 милион барели дневно, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извора од руската нафтена индустрија.