Колумбискиот претседател Хуан мануел Сантос изјави дека поглаварот на Римокатоличката црква на почетокот на идната година ќе биде во четиридневна посета на Колумбија.
Папата Фрањо во февруари вети дека ќе ја посети Колумбија ако владата на таа земја и бунтовниците потпишат мировен договор со цел да се заврши најдолготрајниот американски конфликт.
Мировниот договор е потпишан на 26 септември, но на сила ќе стапи кога на референдум на 2 октомври ќе го потврдат државјаните на Колумбија со право на глас.
Во текот на минатогодишната посета на Куба, Папата им даде силен поттик на преговарачите, велејќи им дека немаат право да се откажат од напорите за воспоставување на мирот.