Лицата кои вооружен разбојник вечерва ги држеше како заложници во туристичка агенција во јужниот дел на Париз се ослободени, живи се и здрави и се на безбедно, додека разбојникот е во бегство, соопштуваат од париската полиција.
Полициските извори претходно наведоа дека овој инцидент најверојатно не е поврзан со тероризам.
Заложничката криза се одвиваше на булеварот „Масен“, во јужниот дел на француската престолнина, во близина на Порт д’Итали, пренесува францускиот „Фигаро“.
„Во тек е интервенција поради вооружен грабеж, автомобилите треба да ја заобиколуваат оваа зона“, соопшти полицијата преку Твитер претходно.
Во тој кварт, во 13-от париски арондисман, беа распоредени полициски интервентни сили и беше воспоставен безбедносен обрач.
Повеќето клиенти што ги користат услугите на таа туристичка агенција се од азиско потекло, навел неименуван полициски извор, пренесува Ројтерс.
„Фигаро“ истакнува дека во таа агенција и во минатото е извршен вооружен грабеж.
Во тек е истрага пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.