Пратениците се враќаат на работа на речиси месец и половина пред локалните избори.
Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, денеска ќе има прва средба со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, по што најверојатно ќе се знае какви активности ќе има Парламентот во текот на неделата и во текот на септември.
Најавите се дека ќе има продолжение на неколку седници, а ново пленарно заседание кон средината на септември.
Пратеници сметат дека имајќи ги предвид изборите, активностите на Собранието ќе бидат намалени и оти дискусиите следниот месец ќе бидат во контекст на локалните избори.
Првата недела од новата парламентарна сесија се очекува да мине во знакот на комисиските расправи. Сега официјално на собранискиот сајт само на 1 септември има закажано три седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како и седница на Комисијата за економски систем.
Нова седница се најавува за средината на септември.
(Фото: МИА)