„Фудбалерот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе е близу до промена на клубот“, објави италијанскиот новинар Николо Скира.
Според него, два клуба од американската МЛС се заинтересирани за 31-
годишниот Аргентинец.
Станува збор за Интер Мајами и Лос Анџелес галакси.
За потсетување, Пасторе веќе одби две профитабилни понуди од Кина.
Рома за фудбалерот бара 10 милиони евра.
Во сезоната 2019/20, Пасторе настапи на 14 натпревари за „римската волчица“.