Неколкучасовното неработење на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм и сервисите за пораки Месинџер и Вотсап предизвика огромна штета, а „Блумберг“ пишува дека Марк Цукенберг, основачот на Фејсбук, за кусо време изгубил седум милијарди долари.
Неговото богатство сега се проценува на околу 120,9 милијарди долари.
Цукенберг сега е на петото место на листата на милијардери на „Блумберг“, и се наоѓа зад Бил Гејтс, кој на 13 септември, кога „вредеше“ 140 милијарди долари, годинава загуби цели 19 милијарди долари.
Акциите на Фејсбук во овие моменти се во пад за повеќе од 5,50 отсто, со што пазарната вредност им е срушена за повеќе од 50 милијарди долари.
Нефункционалноста на Фејсбук, дополнително покрена и лавина шпекулации. Руските медиуми лиферуваа информации, кои се разбира не се потврдени, прво, дека на вработените на Фејсбук не им е дозволен влез во главната зграда на компанијата и, што е уште пострашно, дека личните податоци на повеќе од 1,5 милијарди Фејсбук корисници се на продажба на хакерски форуми.
Ако се случи тоа, пренесува Спутник, тоа би им овозможило на сајберкриминалците и на огласувачите да влијаат на корисниците на интернет на глобално ниво.