Делата зборуваат за се она што е сработено, ова е примерок од Отчетот за периодот 2017 – 2021 година и на сите оние кои во моментот се двоумат да видат што се е сработено и сето тоа да го игнорираат и омаловажат, им препорачувам слободно да го земат и да го прочитаат, тука е се.
Ова синоќа пред жителите на Будинарци го истакна кандидатот од коалицијата „Најдоброто за Берово”, актуелниот беровски градоначалник Звонко Пекевски, кој истакна дека СДСМ и на овие локални избори ја нуди најдобрата програма за Берово.
– СДСМ ја нуди најдобрата програма за сите. Затоа што програмата ја создадовме систематски, земајќи ги во предвид сите релевантни фактори, кои нудат развој и системско решение на сите проблеми, истакна Пекевски.
Тој ги повика Будинарчани на 17 октомври, да излезат на избори и да го заокружат бројот 12 за советничката листа и 12 за листата за градоначалник.
– Да го избереме најдоброто за Берово. Да продолжиме со развојот и напредокот на Општина Берово, додаде кандидатот на СДСМ.
Пекевски порача граѓаните да ја завршат работата во прв круг за да може Општината на чело со СДСМ да се фокусира на тоа што најдобро го знае, а тоа според Пекевски е чесната, домаќинска и отчетна работа.