Како реакција на обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ врз председателот Пендаровски кого и зошто не прашал председателот за да одбие членство на нашата земја во Европската економска заедница ЕЕЗ шефот на државата со експресен одговор. Неговата реакција ви ја објавуваме во целост
Во октомври 2019 година кога отворањето преговори со ЕУ за нашата земја беше одложено заради усвојување на новата методологија, во Брисел, неофицијално циркулираше идејата за алтернативно членство за државите од Западниот Балкан во Европската економска зона, се разбира, откако ќе ги исполнат потребните услови за тоа. Мојот став и тогаш и сега беше дека никаква алтернатива на членство не треба да се прифаќа затоа што полноправното членство во ЕУ подразбира да сте дел и од заедничкиот европски пазар.
Меѓутоа, со цел да се оформи заеднички државен став во однос на изнесените идеи во Брисел, на 20 октомври 2019 година свикав средба на претседателите на политичките партии од власта и од опозицијата кои имаат пратеници во Парламентот. На средбата беше постигнат апсолутен консензус и од страна на сите лидери, вклучително и од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше поддржан ставот дека на Република Северна Македонија и ѐ потребно членство во Европската Унија, а не учество во алтернативни облици на соработка со ЕУ, затоа што на земјата покрај економска интеграција и е потребна и политичка интеграција и усвојување на демократските стандарди и вредности– владеење на правото, независно судство и медиуми, човекови слободи и права.
Во таа насока, сите присутни заклучија дека не треба воопшто да се размислува за алтернативи, туку земјата треба да продолжи со засилено темпо за реализирање на стратешката цел- полноправно членство во Европската Унија, вели Пендаровски на својот ФБ профил