Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да има средби со челниците на Европската унија и на НАТО.
Пендаровски денеска ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жозеп Борел и со комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.
Шефот на државата ќе оствари средби и со европратеникот и известител за Македонија, Илхан Ќучук, и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Пендаровски, според агендата, утре ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.