Се забалежува подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не значи и дека е
добра. Препораката е граѓаните да примат трета доза вакцина, зашто тоа е
најдобриот начин за заштита од тешки симптоми, хоспитализација и смрт, рече
денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.
Комисијата за заразни болести тврди дека на денешната Комисија за заразни болести дошле до заклучок дека има намалување на епидемиолошката состојба, но затоа пак има зголемување кај возрасната група од 6 до 14 години.
„Од 6 до 14 години има зголемување на заразата. Во моментот се уште нема простор за загриженост. Треба дословно да се следат протокoлите. Апелираме и до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето. Отворивме и уште неколку дополнителни пунктови за тестирање“, вели Петличковски.
Тој истакна дека ја анализирале и смртноста од ковид, по што дошле до заклучок дека најголем дел од починатите се невакцинирани.
„Од тука апелираме сите да се вакцинираат и да примаат трета доза. Третата доза штити од хоспитализација и смрт. Слушаме деновиве шарлатански изјави.
Вакцинацијата со трета доза е многу потребна за да си помогнеме“, додава Петличковски.
Од Комисијата за заразни болести апелираа дека факултетите треба да почнат со физичко присуство, со оглед на тоа што само тие се уште имаат онлајн настава.