Стотици затвореници кренаа бунт во затвор во Бирмингем и контролира неколку делови од установата, пренесуваат светски медиуми.
Како што пренесува Би-Би-Си, неколку лица контактирале со телевизијата, тврдејќи дека се побуниле поради лошите услови во затворот.
Немирите наводно почнале кога затворениците одзеле клучеви од вработен во затворот „ХМП Бирмингем“.
Здружението на затворските офицери соопшти дека на почетокот на немирите учествувале 260 затвореници, а се претпоставува дека сега има околу 600.
Новинар на Би-Би-Си којшто се наоѓа пред затворот рече дека таму има многу полиција и пожарникарски екипи и дека се гледа како чад излегува од една од зградите.