Вчера околу 45 минути пред почетокот на натпреварот меѓу Борусија и Монако, на навивачите на стадионот им беше јавено дека се случи напад на автобусот со играчите на Борусија.
Присутните дознаа и дека во нападот е повреден фудбалерот на клубот од Дортмунд, Марк Бартра.
Тогаш навивачите на Монако направија нешто што тешко може да се опише со зборови. Тие го одушевија светот со потегот веднаш штом дознаа за терористичкиот чин.
Неколкуте илјади гости од кнежевството, од трибината на „Вестфален арената“ каде што беа сместени почнаа да скандираат „Дортмунд, Дортмунд“.
Домашните навивачи кои тогаш се најдоа на стадионот им возвратија со аплауз.
https://www.youtube.com/watch?v=x_tuYU-TuYk