Во средата на пладне на улицата „Александар Урдаревски“, во скопски Бутел, пред Зелениот пазар, автомобил удри во седумгодишно дете.
По незгодата возачот го пренел детето во амбуланта, го оставил и си заминал.
Заради сериозноста на повредите детето со амбулантно возило е префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што била констатирана скршеница клучната коска на рамото.
По укажаната лекарска помош детето е пуштено на домашно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.