Активни пожари моментно има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникари, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија, како и
месно население.
Активни пожари во битолскиот регион има два и тие се на отворен простор, едниот во атарот на селата Дрен и Смолане каде гори сува трева и шума и е во близина на објекти. Вториот е во атарот на селото Топлица и се шири кон селата Ракле и Никодин. Гори сува трева, а во повисокиот дел и густа шума. Во гаснење учествуваат девет пожарникари со четири противпожарни возила, 28 припадници на АРМ и вработени од „Црн бор“ – Прилеп.
Во струмичко, утрово пожарот има кај Погана, а во справувањето со огнот учествуваат пожарникари од Валандово, припадници на македонската армија, и вработени од ШС Саланџак, ЕВН, РЕК Битола и од ПШС Кожув.
Во кумановскиот регион активен е пожарот во селото Мургаш. Гори сува трева и истиот може да се прошири према куќите. Пожари има и во селата Довозенце, Горно Јачинце и Градиште. Екипи на Противпожарната единица од Куманово се на терен и го гаснат огнот.
Во кратовско, пожарот во селото Коњух е се уште активен на непристапен терен, а во штипски регион, пожарот на потегот село Костин дол – Ново село.
Активен е и пожарот кај Стар Истевник, каде што од рано утринава се излезени екипи на АРМ, ЦУК, ДЗС, НШ, ЈП, дел од екипата од Бугарија како и месно население. На теренот видливоста е многу намалена и има многу чад, што го отежнува гасненењето на пожарот.