На тинејџерка од Мексико на прославата на 15 роденден би можеле да и дојдат дури милион гости, откако нејзините родители снимиле видео-покана, која стана хит на интернет.
Прославата на петнаесетиот роденден е голема работа во Јужна Америка, но прославата на роденденот на Руби би можела да стане феномен.
„Здраво, како сте? Сакаме да ве повикаме на прославата на 15-от роденден на нашата ќерка Руби Ибара Гарсија во Ла Хоја“, вели нејзиниот татко на видео снимката носејќи каубојски шешир.
Додека тој ги набројува музичките групи кои ќе свират на прославата и најавува трка со коњи со главна награда од 500 долари, неговата сопруга и Руби стојат во позадина.
„Сите се повикани“, напоменува таткото.
Видео снимката стана екстремно популарна на интернет, по што дури 1,3 милиони корисници на Фејсбук навеле дека ќе присуствуваат на роденденската прослава.
„Ова сега излезе од контрола“, рече таткото на Руби и објасни дека тоа не значи оти тие не сакале да ги викнат сите, туку дека ова е нешто што не го очекувале, затоа што мислеле дека на прославата ќе има околу 800 гости.
Руби по објавата на поканата стана некоја вид на „национална сензација“, а одделни авиокомпании го искористија ова за сопствена промоција, нудејќи половни цени за летовите што водат кон Ла Хоја.
Дури е направена и видео-игра во која тинејџерка оди по црвен килим и лево и десно фрла покани на сите.
Локалните власти одлучија да го сменат местото за прослава на поголема површина и да пратат обезбедување на она што мексиканските медиуми го нарекуваат „забава на годината“.