Сите пратеници од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се извадени од Собранието и се на безбедно.
Тие со полициски транспортери беа префрлени до седиштето на партијата откако претходно, на повредените им беше укажана медицинска помош.
Со полициска асистенција од собраниската зграда извлечени се и пратениците од Беса и ДУИ.
Радмила Шеќеринска вечерва е однесена во Ургентниот центар каде што заради повредите била подложена на хируршка интервенција.
Во инцидентот во Собранието повредени се четириесетина лица.