Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје, во текот на престојниот викенд и вo понеделник, од 15 до 17 мај, без струја ќе останат делови од општините Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел и Шуто Оризари.
Утре без електрична енергија во период од 10.00 до 14.00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Охридска“, „Титовелешка“, „Стеван Цветковски“, „Преспанска“, „Раде Јовчевски Корчагин“ во Маџир Маало, во општина Центар.
Во период од 11.30 до 13.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Тајмишка“, непарни броеви 1а, 1б, 3а, 3б, 5а, 5б, 7а, 7б, 9а, 9б, 11а, 11б, парни броеви 2, 4, 6, 8, 10, 12, 14, 16 и 18, како и корисниците од улица „Коце Металец“ броевите 100, 102, 104, 106, 108, 110, 139а, 139б, 141а, 141б, 143а и 143б, во општина Гази Баба.
Во недела прекин со напојување со електрична енергија ќе има во период од 5.10 до 8.00 часот за корисниците од индустриска зона Визбегово, како и корисниците од населбите Визбегово, Кучевишка Бара, Скопје Север, Топанско Поле и Топаана, корисниците од цела општина Чаир, Момин Поток, населба Шуто Оризари, објектот на затворот Шутка, како и поголена територија на општина Бутел – населбите Бутел 1 и Бутел 2.
Во понеделник без струја во период од 8.30 до 14.00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица 1 и околните улички пред кружниот тек во населбата Сопиште.
Во период од 9.00 до 16.00 часот, без електрична енергија ќе бидат индивидуалните стамбени објекти лоцирани на раскрсница меѓу улиците „Босна и Херцеговина“ и „Александар Урдаревски“, во општина Бутел.
(Фото: МИА)