Тројца службеници во руската амбасада во Варшава се прогласени за персони нон грата, соопшти Министерството за надворешни работи на Полска.
„Амбасадорот на Русија во Полска беше повикан во министерството на 15 април годинава при што нему му беше врачена протестна нота која содржи информации за прогласување на тројца службеници од руската амбасада во Варшава за персони нон грата“, се наведува во соопштението.
Полското Министерство за надворешни работи ја соопшти причината за донесувањето на оваа одлука:
„Наведените лица ги прекршија условите на дипломатскиот статус и се занимавале со работи кои и штетат на Полска“.