Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп најверојатно ќе го именува поранешниот шеф на ЦИА и пензиониран генерал Дејвид Петреус во нов американски секретар за одбрана.
Како што пренесува Ројтерс, Трамп ја разгледува можноста шеф на Пентагон да биде некој од четирите предлози што стасале до него, а на листата се пензионираниот воен генерал Џејмс Марис, пензионираниот воен генерал Џек Кин, поранешниот советник на американскиот претседател за безбедност Стивен Хадл или поранешниот сенатор Џим Талент.
Кин, на својот твитер профил се изјасни: „Нема да бидам дел од новата администрација!“