Републичката изборна комисија во Србија за претседателските избори кои се закажани за 2 април потврди 11 кандидати, а нивниот редослед на гласачкото ливче ќе биде одреден во петок со јавно извлекување.
Кандидати се Александар Вучиќ, кого го предложи владеачкото мнозинство, Саша Јанковиќ, кој е кандидат на групата граѓани „За Србија без страв“, лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, кандидатот на групата граѓани „Мораме понатаму“ Вук Јеремиќ, претседателот на движењето „Двери“, Бошко Обрадовиќ, претседателот на движењето „ДиБ“ Саша Радуловиќ и кандидатот на ДСС, Александар Поповиќ.
Во изборната трка влегуваат и претседателот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, кандидатот на Народното слободарско движење Мирослав Паровиќ, претседателот на Лигата на социјалдемократи на Војводина, Ненад Чанак, како и кандидатот на групата граѓани „Бели–Само силно“ Лука Максимовиќ, кој е познат како Љубиша Прелетачевиќ–Бели.