Израелските сили за безбедност ноќва отпочнаа копнена интервенција во појасот Газа. На интервенцијата и претходеше силна артилериска подготовка од тешки хаубици.
Во напад тргнаа оклопни единици следени од пешадија и со поддржка од воздух.
Кон Газа се движат стотина тенкови „Меркава“ и оклопни транспортери „Намер“.
Целта на операцијата е разбивање на Хамас и елиминација на ракетните удари на Израел кои посебно ноќва биле жестоки непосредно пред големиот државен празник, 73 години од прогласување на Израел како држава.
За сега, според израелските медиуми и информациите од војската, тенковите и пешадијата завзеле неколку пунктови кои „технички“ се наоѓаат во Газа.
Сепак, вистинска, масовна, копнена офанзива сеуште не е покрената. Во тек е напад, артилериски и воздушен, на цели во Газа, а Хамас тврди дека Израел извел повеќе од 150 за само неколку минути.
Инаку, сите жители кои живеат веднаш до појасот Газа итно се евакуирани на четири километри во длабочина на израелска територија непосредно пред отпочнување на самата операција. На оние кои имале видео надзор наредено им било да го ислучат пред да го напуштат домот.