„Ролинг Стонси“, кои на почетокот на шеесетите години почнаа со обработки на американски блуз изведувачи, на 2 декември ќе го издадат „Blue & Lonesome“, својот прв студиски албум по повеќе од 10 години пауза.
Великаните на рокот соопштија дека албумот го снимиле за три дена, без дополнителни снимки, во студио во Лондон.
На две од 12 песни свири и гитаристот Ерик Клептон, исто така познат по своите блуз мизучки корени.
„Стонси“ на почетокот на својата кариера свиреа обработки на хитовите на Џими Рид, Вили Диксон, Литл Волтер и други американски музичари.
После групата разви сопствен стил со авторските песни на Мик Џегер и Кит Ричардс.