Презентацијата на редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан денеска по прв пат ќе добие официјален превод во локалните јазици од регионот, вклучително и македонскиот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ќе ги презентира извештаите на прес-конференција попладнево околу 16 часот и 30 минути.
Како што информира Европската комисија, оваа прес-конференција ќе може да биде проследена со превод во секој од јазиците од регионот, вклучително и македонскиот јазик.
Ова е прв пат Европската комисија да обезбеди превод во други јазици освен официјалните јазици на Европската Унија на редовна прес-конференција.