Четириест и шестгодишна С.С. од светиниколското село Кадрифаково утринава го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип – Свети Николе.
С.С. била удрена од автомобил при обид да премине од едната на другата страна на патот.
Од повредите здобиени при ударот жената починала на самото место.
Според информациите од СВР Штип, несреќата се случила во 6.27 часот. Возило „форд фокус“ со светиниколски таблички, управувано од 43-годишниот Т.Г. од село Ерџелија, удрило во пешакот С.С. од Кардифаково.
Увид извршила увидна екипа од Полициската станица во Свети Николе и јавен обвинител.