Претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи не постигнаа договор за работата на Парламентот и утрешната седница, на која на дневен ред се закони поврзани со мерките за справување со Кодив-19.
ВМРО-ДПМНЕ предложиле на утрешната седница да го поддржат носењето на законите со тоа што ќе присуствуваат на седницата и ќе обезбедат кворум, додека Алијанса на Албанците и Алтернатива повлекувањето на речиси 32.000 за околу 20 закони го условиле со усогласување со Предлог-закон за државјанство. По ова Џафери ја прекинал координацијата.
Собранието, поради немање кворум и блокирање на опозоциските партии, не
може да гласа за многу законските текстови за кои веќе е завршена расправа, како и за оние што се на дневен ред на утрешната 36-та седница.
Меѓу точките на дневен ред на оваа седница се донесување на закони од петиот сет
мерки за справување со Ковид-19: Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот, за месеците февруари и март 2021 година, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено – економската криза предизвикана од пандемијата, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, како и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка.
Утре пратениците треба се изјаснат и за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница, а на дневен ред се и интерпелации поднесени од опозоцијата, предлог закон за поништување на законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ и други.