Австрискиот претседател Александер ван дер Белен остро ја критикуваше владата на канцеларот Себастијан Курц што не го критикуваше генералниот секретар на Слободарската партија (ФПО), Харалд Вилимски заради нападот на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
Ван дер Белен, во интервју за австрискиот весник „Форалбергер нахрихтен“, рече дека и штети на угледот на Австрија тоа што никој не побара оставка од Вилимски.
Тој потсети дека постои јасна определба на европскиот курс на Австрија, и дека токму во времето на претседавањето на Виена со Европската унија, Вилимски излегува во јавноста „на таков начин, што до тогаш не доживеал“.
Ван дер Белен вели дека Вилимски го навредил Јункер на грозен начин, а дека за тоа никој од владата не реагирал.
Тоа што Курц немал став на таа тема не му се допаѓа на претседателот.
Вилимски го обвини Јункер дека на неодамнешниот собир, на кој едвај одел, бил пијан, иако шефот на Европската комисија тврдеше дека имал болки во грбот.