Компанијата „Самсунг електроникс“ (Samsung Electronics) го претстави Samsung Galaxy Note8, паметен телефон од новата генерација. Galaxy Note8 има поголем бескраен екран, S Pen игла и моментно најдобрата камера на Самсунг која прави исклучително добри фотографии. Galaxy Note8 е дизајниран имајќи го во вид начинот на кој корисниците се потпираат на технологијата во нивниот секојдневен живот.
„Ние ја цениме големата страст на корисникот на Note уредот. Тие се нашата постојана инспирација и новиот Note уред го дизајниравме само за нив“, изјави ДЏ Кох, претседател на Одделот за мобилни комуникации во Самсунг и додаде: Новитетите вградени во Samsung Galaxy Note8 им овозможуваат на корисниците да ги направат оние работи за кои сметаа дека се невозможни.
Самсунг за прв пат ја претстави Note серијата во 2011 година. Од тогаш постои здружение на вљубеници во Note уредите. Според истражувањето на компанијата на пазарот 1,85 проценти од корисниците рекоа дека со гордост го прикажуваат својот уред, додека 75 проценти рекоа дека тој е најпаметен телефони што некогаш ги имале.
Бесконечниот 6,3-инчен екран има Quad HD 2B резолуција и Super AMOLED технологија која му овозможува на корисникот да види повеќе со помалку „скролање“, што го прави врвен уред за обавување на повеќе задачи во исто време.
Благодарение на новата апликација Pair, корисникот на Galaxy Note8 може да избере неколку апликации по желба во менито на Edge и многу едноставно да ги стартува во исто време. На пример, да гледа видео додека во исто време се допишува со пријател или пристапува до конференциски повик додека во исто време го гледа нејзиниот распоред.
S Pen пенкалото е препознатлива карактеристика на оваа серија. Има сосем нов начин на пишување, цртање и интеракција со телефонот, како и комуникација со пријателите. Се одликува со унапреден врв, подобрена осетливост на притисок и карактеристики кои им овозможуваат на корисниците да се изразат на начин каков што досега ниту еден друг паметен телефон не им овозможил.
Кога пишувањето пораки не е ви доволно, Live Message му овозможува на корисникот да ја открие својата личност и да раскажува интересни приказни. Со Galaxy Note8, корисникот може да сподели анимиран текст или цртеж на сите платформи кои поддржуваат анимирани GIFs4.
Додавање на живописни и емотивни додатоци кои ќе ги „оживеат“ вашите пораки претставува потполно новиот начин за комуникација со Pen пенкалото.
Функцијата Always On Display им овозможува на корисниците да бидат во тек со сите известувања (нотификации), без да го отклучат телефонот. Со Galaxy Note8 ова е уште помоќна карактеристика. Screen off memo му дава можност на сопственикот да запише до стотина белешки штом ќе го земе пенкалото во рака, да поставувате белешки на Always On Display и да ги менувате директно на Always on Display.
За оние кои патуваат, или кога корисникот ќе наиде на веб страница на странски јазик, со премин преку избраниот текст подобрената S Pen Translate функција овозможува брз превод не само на одделни зборови, туку и на цели реченици на 71 јазици, како и автоматска конверзија на странски валута и мерни единици.
За повеќето корисници камерата е еден од најважните детали при купување на нов уред. Самсунг го постави стандардот за квалитет на камера на паметни телефони, а корисниците на Galaxy Note8 ја добија најдобрата камера досега.
Телефонот е опремен со две 12MP камери со оптички стабилизатор на слика (OIS), двете со широкоаголни и телефото објективи. Независно дали истражувате нов град или трчате по вашата омилена патека, OIS ви овозможува да направите остри слики.
За понапредните фотографи, Live Fokus функцијаta на Galaxy Note8 овозможува контрола на длабочината на фотографијата.
Со изборот на функција Dual Capture, и предната и задната камера прават две фотографии во исто време.
Широкоаголниот објектив има Dual Pixel сензор со brz авто-фокус за снимање на остри и кристално јасни снимки, дури и во услови при слабо осветлување. Исто така, телефонот е опремен и со 8MP Smart Auto Focus на предната камера за врвно селфи и кристално јасни видео разговори.
Дизајнот на паметните телефони на Galaxy Note8 е базиран на традицијата на Galaxy уредите, на збирката единствени функции и карактеристики кои го редефинираа мобилното искуство на корисниците.