Трката ХалкЕко – Скопје Трча десет километри, организирана од Сојузот на спортови на Град Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје и Халк Банка, по една година пауза, ќе се одржи на 13 јуни 2021 година. Стартот и целта на трката се планирани да бидат на булевар „Илинден“, во близина на фонтаната Лотус, со што трката ќе се одвива по булеварот „Илинденска“ и дел од „Партизански Одреди“. Пријавувањето е до петок, 4-ти јуни.
-Трката ќе биде организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, а тркачите ќе бидат распоредени во пет стартни боксови, според таргет времето кое го имаат избрано, информираат организаторите.
Во секој стартен бокс ќе има растојание помеѓу тркачите од 1,5 метри, а носењето заштитна маска ќе биде задолжително цело време, освен за време на трката.
Пријава и детални информации за трката се достапни на следниот линк.