Главоболки за Јирген Клоп уште пред почетокот на новата сезона на Премиер лига. Левиот бек Енди Робертсон, кој практично е незаменлив во екипата на „црвените“, се повреди во пријателскиот натпревар против Атлетик Билбао, во кој капитенот на репрезентацијата на Шкотска го повреди скочниот зглоб.
На Робертсон му беше укажана лекарска помош на теренот, но го напушти со помош на медицинскиот тим на Ливерпул.
Дури после дополнителните прегледи ќе се знае колкав е степенот на повредата.
Ливерпул на Енфилд ремизираше со Атлетик Билбао со резултат 1:1. Првиот гол го постигна Диого Жота во 13 минута, а изедначи Беренгуе во 53 минута.