Пекинг изрази остар протест против Вашингтон заради објавувањето на извештајот за потеклото на ковидот-19.
„Кина остро реагира заради неодамна објавениот таканаречен извештај за истрагата за потеклото на вирусот корона кој го составиле американските разузнувачки служби“, му соопштил кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во текот на телефонскиот разговор на американскиот државен секретеар, Ентони Блинкен.
Кинескиот министер го повика Вашингтон да прстане со политизирање на праѓањето на потеклото на ковид-19. Тој нагласи дека политизацијата на овој проблем е „товар кој во наследство го остави минатата американска администрација“ и колку побрзо Соединетите Американски Држави се откажат од него, „толку побрзо ќе излезат од безизлезната ситуација“.
Претходно американската разузнувачки служби објавија извештај за потеклото на вирусот. Во документот се заклучува дека вирусот корона не е направен како биолошко оружје. Притоа, учесниците во истрагата не можеле да постигнат консензус. Тие сметаат дека постојат две верзии: едната е дека станува збор за природен контакт со заразено животно, а втората е за постоење инцидент којшто се случил во лабораторија.
Американскиот претседател Џо Бајден ја обвини Кина дека крие клучни информации за потеклото на короната и вети дека нема да се смири додека не ги добие вистинските одговори.
Во мај оваа година, Белата куќа испрати соопштение според кое не се исклучува верзијата на ширење на вирусот по инцидент што се случил во научна лабораторија во Вухан.