– Агро експерите посочуваат дека раното пролетно прихранување со азотни ѓубрива се врши пред започнување на вегетацијата на житните култури кои се најмногу истоштени од зимскиот период, со исцрпени резерви од јаглени хидрати и поради тоа имаат потреба од лесно апсорбирачки азот.
Во битолскиот дел на Пелагонија пченицата е засеана на површина од 11.000 хектари во двата сектори, потврдуваат надлежните агро-институции во Битола.
Во Пелагонија земјоделците ја подготвуваат почвата за сеидба на раните пролетни култури. Во тек е сеидба на луцерка, а од 20 март ќе се сее и сончоглед.