Силите лојални на либиската Влада за национален спас (GNA) соопштија дека при акцијата за чистење на Сирт пронашле тела на 266 џихадисти.
Како што наведува АФП, телата на борците на Исламска држава се превземени од некогашното седиште на џихадистите, градот Сирт, кој либиските провладини сили го завзедоа оваа недела.
Три дена после „падот“ на последното упориште на Исламска држава, воените сили на Либија ги пронашле телата во куќите и на улиците во различни делови на градот.
Освојувањето на Сирт се случи откако Исламска држава се соочи со неуспеси во Сирија и Ирак.