Британската полиција уапси маж откако екипата за отстранување на бомби пронајде сомнителен пакет во официјалната резиденција на кралицата Елизабета Втора во Единбург, јавуваат британски медиуми.
Тим од специјалци стасал вчеравешер околу 21 часот, пренесува „Сан“, и додава дека можело да се види како полицајците ја пребаруваат оваа палата од 16 век, која се наоѓа спроти резиденцијата.
Полицијата соопшти дека уапсила 39-годишно лице заради поврзаност со инцидентот.