Французите денес протестираа во неколку градови поради доаѓањето на мигранти од бегалскиот логор во пристаништето Кале, којшто владата планира да го затвори.
Градоначалникот на Пјерфе, на југоистокот на Франција, предводеше неколку стотици луѓе поради одлуката на власта да смести мигранти во напуштеното крило на психијатриската болница додека чекаат одговори на нивните барања за азил.
Жителите на Пјерфе стравуваат дека дојденците можат да ја загрозат нивната безбедност, како и поради можните тензии со панциентите во болницата. Владата планира во тоа место со 6.000 жители да испрати 60 мигранти.
Од друга страна, левичарските активисти одржаа мал собир за да им посакаат добредојде на бегалците. Тие сметаат дека како богата земја и богато село можат да им помогнат на сиромашните.
Протести најавија и припадници на десничарскиот Национален фронт, кој овој месец ги повикуваше градоначалниците да се спротистават на планот за разместување на бегалците од Кале и организираше низ протести шурум земјата.