Во присуство на претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган потпишана е спогодбата за реализација на гасоводот „Турски тек“, кој со еден дел ќе поминува по дното на Црно море.
Договорот го ратификуваа министрите за енергетика на двете држави.
Потпишувањето на спогодбата следеше после билатералната средба на двајцата претседатели кои присуствуваа на Светскиот конгрес за енергетика во Истанбул.
Во текот на церемонијата, Ердоган рече дека министри и експерти ќе ги продолжат договорите.
Руската компанија „Гаспром“ и турскиот „Ботас“ во 2014 година потпишаа меморандум за разбирање за изградба на „Турски тек“, со капацитет од 63 милијарди кубни метри гас годишно.
Меѓутоа, договорите беа прекинати откако Турција сруши руски воен авион, а Русија на тоа возврати со економски санкции.
Сепак, двете држави успеаја да ги надминат недоразбирањата и да ги поправат меѓусебните односи.
Ердоган во август годинава, веднаш по состанокот со рускиот колега, изјави дека изградбата на гасоводот е приоритет.