Рускиот претседател Владимир Путин денеска, втор пат за два дена, разговараше со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за ситуацијата во Сирија, тема за која двете земји не се сложуваат и покрај неодамнешното билатерално приближување, соопшти Кремљ.
„Путин и Ердоган во телефонски разговор размениле ставови за ситуацијата во Сирија“, се наведува во краткото соопштение на Кремљ.
Претседателите на Русија и Турција вчера во првиот разговор кој го иницираше Ердоган, исто разговараа за Сирија и за координација на напорите во борбата против тероризмот.
Според турски извори, Ердоган и Путин вчера разговарале за убиството на четири турски војници во Сирија во четвртокот, во бомбардирањето кое Анкара и го припишува на сириската власт.
„Двајцата лидери во телефонскиот разговор размениле ставови и информации за нападот во којшто загинаа тирски војници на подрачјето на Ал Баба, на северот на Сирија“, соопштија од кабинетот на Ердоган.
Турската војска првпат, од кога во август ја покрена воената операција на северот на Сирија, нападот на турските војници и го припишува на турската власт која Русија ја поддржува и политички и воено.
Турција и се приближи на Русија после смирувањето на кризата во односите предизвикани од тоа што пред една година собори руски бомбардер на сириско-турската граница.
Иако двете држави се приближија, и понатаму имаат спротиставени ставови за сириската криза.
Анкара ги поддржува сириските бунтовници, а Москва е на страната на сирискиот претседател Башар ел Асад.