Бугарија од јуни ќе добие американски течен природен гас (ЛНГ) од јуни, што ќе и помогне откако руски „Гаспром“ го прекина снабдувањето со гас, соопшти бугарската влада.
Аранжманот е договорен на средбата меѓу премиерот Кирил Петков и американскиот потпретседател Камала Харис во Вашингтон.
На 27 април, „Гаспром“ ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска затоа што и двете држави одбија да плаќаат гасот во рубли. Бугарија годишно троши околу 3 милијарди кубни метри гас, од кои над 90 отсто доаѓа од Русија.
Бугарија е во преговори со Азербејџан за зголемување на испораките на гас и се обидува да преговара за ЛНГ преку терминалите во Грција и Турција. Исто така, ја повика ЕУ заедно да купуваат гас за цените да бидат поконкурентни.
(Фото: АП)